Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонАпликацијата која ги одбележа сите граѓански протести, инсталирајте ја

Апликацијата која ги одбележа сите граѓански протести, инсталирајте ја

Со оглед на зголемената тензија на политичката сцена во Македонија и најавените протести ви препорачуваме да ја инсталирате Fire Chat апликацијата од неколку клучни причини. Вообичаено е за големи собири на граѓани да дојде до оптоварување на мобилните мрежи бидејќи речиси сите користат интернет или пак телефонираат и испраќаат СМС пораки. Исто така и властите од безбедносни причини може да применат блокирање на комуникацијата, пример ако има терористичка закана да се спречи активирање на експлозив од далечина преку електронски уред.

Тоа што Fire Chat го прави одлична апликација во вакви ситуации е што овозможува да не зависите од интернет, мобилна или Wi-Fi мрежа. За комуникација користи сигнал од секој поединечен телефон и има голем досег, па така и при блокирани или оптоварени мрежи ќе може да испратите порака.

Секако, не сакаме ни да помислиме на црни сценарија со инциденти и судри, но Fire Chat би била корисна во вакви ситуации за да известите за вашата состојба, да побарате помош и да испратите сигнал. Fire Chat беше главна апликација која ја користеа бројни граѓански организации при протестите во изминатите години низ светот. За комуникацијата да достигне до повеќе луѓе секако е потребно поголема мрежа на корисници, па затоа инсталирајте ја Fire Chat на вашиот Android или iOs смартфон.

Извор: telefoni.mk