Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦАпликација за која нема непознат број – сега знаете кој ви ѕвони

Апликација за која нема непознат број – сега знаете кој ви ѕвони

Новата апликација на најпопуларната социјална мрежа, Фејсбук ќе ви помогне да дознаете кој ве бара на телефон дури иако се јавува од непознат број. Апликацијата Hello моментално е достапна само на Android уредите и користи податоци од Фејбсук како би ви открила кој се крие зад непознатите броеви.

Секако, оваа апликација ќе ви открие кој стои зад непознатиот број само доколку тоа лице ги споделило своите контакти на социјалните мрежи. Доколку сте го оставиле својот број на телефон на Фејсбук, лицата со оваа апликација ќе знаат дека ги повикувате, дури и ако го немаат меморирано вашиот број во телефонот.

Оваа апликација исто така може да ја користите за да телефонирате или да пронајдете броеви кои ви требаат на Фејсбук.