HomeДЕНЕШНАРепубликаАплеациониот суд со одлука ги намали казните на сите обвинети во „Шпион“

Аплеациониот суд со одлука ги намали казните на сите обвинети во „Шпион“

Апелациониот суд, во четврток, делумно ги уважил жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначил првостепената пресуда на Кривичниот суд во однос на висината на казните. Според одлуката на Апелациониот суд, на првообвинетиот, Марјан Ефремов, му се преиначува казната затвор од 15 години и му се определува единствена казна затвор во траење од 10 и пол години.

На поранешниот полициски генерал Горан Стојков, кој беше осуден на казна затвор во траење од 9 години, според одлуката на Апелација, казната му е намалена на 3 години и три месеца. Обвинетиот Марјан Маџовски, наместо на затворската казна од една ипол година, од Апелациониот суд е осуден на условна казна затвор од една година, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело.

Поранешниот шеф на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов според одлуката на Апелациониот суд е осуден на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од пет години не стори ново кривично дело. И на останатите осудени, казните им се намалени со одлуката на Апелациониот суд.

Во утврдените казни се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор. Освен намалувањето на казните, како што наведуваат од Кривичниот суд, Апелациониот суд ја потврдил пресудата за „Шпион“ во другите делови, додека за обвинетиот Ѓеорги Хаџи Мицев постапката се враќа на повторно судење.

Извор: makfax.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com