Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелацискиот суд и наложи на Телма да ја врати Емилија Лазаревска на уредувачката позиција

Апелацискиот суд и наложи на Телма да ја врати Емилија Лазаревска на уредувачката позиција

Телма ја осуди одлуката на апелацискиот суд, со кој на телевизијата и е наложено да ја врати новинарката, Емилија Лазаревска, на уредувачката позиција. Лазаревска, беше сменета од новиот директор и главен уредник, Атанас Кировски и беше распоредена да работи како репортер во утринска програма.

Од Телма сметаат дека со ова директно им се нарушува нивната уредувачка политика.
„Телевизија Телма е шокирана од последната одлука на апелацискиот суд во Скопје со кој се врши директна интервенција во уредувачката политика на на ТВ Телма и се загрозува правото на сопствена уредувачка политика, што е во директна спортивност на законот за медиуми и македонскиот Устав.
emilijaИмено, апелацискиот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопе 2, со кој на Телма и е наложено вработената Емилија Лазаревска да ја прераспореди на позиција одговорен уредник на информативна програма, без никаква законска основа, туку со „правно“ образложение дека таа била добар новинар.” – реагираат од Телма.

Телевизијата порача дека нема да толерира притисоци од судски или политички центри на моќ, а за оваа одлука на судот веќе ја известиле меѓународната заедница.