Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација веќе има одлуки за дел од жалбите

Апелација веќе има одлуки за дел од жалбите

Апелациониот суд Скопје веќе донел одлука за дел од жалбите за кои беа одржани јавни седници, потврдуваат од судот за МКД.мк. Од судот не откриваат дали одлуката се однесува на жалбите поднесени од одбраната или од Специјалното јавно обвинителство, ниту пак за кои предмети се однесуваат одлуките.

“Одлуки за дел од жалбите се веќе донесени, но додека тие не бидат потпишани не можам да ви откријам за кои жалби и за кои предмети се работи. Она што можам да ве известам дека ќе бидат испочитувани законските рокови и одлуките ќе бидат на време доставени до Основниот суд Скопје 1”, ни изјави судијата Сафет Кадриу од Апелациониот суд во Скопје.

Во Апелациониот суд во Скопје во средата се одржа јавна седница за жалбата на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски обвинети во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“.

Јавната седница е на барање на одбраната на Пешевски и Георгиевски. За Пешевски СЈО бараше притвор, но наместо тоа Кривичниот совет му го одзеде пасошот. За Георгиевски пак СЈО бараше да му бидат определени мерки на претпазливост односно одземање на патната исправа кои кривичниот совет ги прифати. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Вчера во Апелациониот суд на јавна седница се разгледуваа жалбите на уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас, не наговите браќа, на Ивона Талевска и на Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер за јавни набавки, обвинет за злоупотреба на службена положба во случајот “Триста”.

Специјалното јавно обвинителство до сега поднесе 30 жалби на одлуките на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје1. До сега во ниту еден случај судот не определи мерка притвор.