Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација: Не е важно кој ги доставил „бомбите“, важно е да се законски

Апелација: Не е важно кој ги доставил „бомбите“, важно е да се законски

Без разлика како во конкретниот случај се создадени предметните аудиозаписи од телефонски разговори, тие се прибавени на законит начин и може да се користат во постапката врз основа на Законот за јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите („Службен весник“ 159/15) и чл. 287.

Од Законот за кривичната постапка, кој ја регулира обврската за доставување податоци на јавниот обвинител, во случајот надлежен да истражува и гони за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, кому политичката партија му ги доставила овие снимки и други снимки, документи во електронска форма и писмени докази.

Ова е дел од образложението на решението на Апелациониот суд во врска со жалбата на Специјалното јавно обвинителество (СЈО) против експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилството во Општина Центар.

„Со донесување на споменатиот Закон за јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите („Службен весник“ 159/15), за овој суд аудиозаписите од телефонските разговори се внесени во правниот поредок на Република Македонија и врз нивна основа Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите истражува кривични дела и гони сторители и тие стануваат дел од доказниот материјал“, пишува во образложението од Апелација.