Wednesday, Sep 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација на пет седници ќе ги разгледа жалбите и на обвинетите и на СЈО

Апелација на пет седници ќе ги разгледа жалбите и на обвинетите и на СЈО

apelacionen sud

Апелациониот суд денеска на пет последователни седници ќе се разгледува жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство за мерките кои ги изрече Кривичниот суд по обвиненијата на СЈО.

Апелација викендов ги потврди одлуките за одземањето на патните исправи на новинарката на телевизија „Сител“ Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување и на обвинетите алфи во МВР, обвинети во случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски. Овој суд, чија одлука е конечна исто така ги одзеде патните исправи и на Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски и Петар Милошевски.