Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ќе соопшти дали „бомбите“ ќе се користат во „Титаник 2“

Апелација ќе соопшти дали „бомбите“ ќе се користат во „Титаник 2“

Апелациискиот суд денеска треба да ја соопшти одлуката дали бомбите ќе бидат доказ за предметот на СЈО за изборни нерегуларности.

На јавна седница вчера СЈО ја образложуваше жалбата зошто бомбите треба да бидат доказ во предметот „Титаник 2“. Станува збор за два разговори од кои од едниот помеѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и Мендух Тачи се слуша како се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара Апелација да се води од досегашната пракса со која бомбите беа прифатени како доказ. Одбраната на обвинетите и обвинетите Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими и Сашо Срцев како и петтемина судии од Управниот суд не дојдоа на јавната седница.

Апелационите судии треба да одлучат уште за тоа дали бомбите може да бидат доказ и во предметите „Тортура“ и „Титаник“.