Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ќе расправа за жалбите за „Титник“

Апелација ќе расправа за жалбите за „Титник“

Жалбите за определени мерки на претпазливост на обвинети во предметот „Титаник“, првиот случај на СЈО кој се однесува на изборни нерегуларности денеска се пред апелационите судии.

Леко Ристовски е обвинет во овој предмет за повреда на слободата на определување на избирачите и првостепениот суд му определи мерки на претпазливост и тој поднесе жалба. Неговиот адвокат Димитар Дангов рече дека неосновано се определени мерките за претпазливост тврдејќи дека крибичната санкција не е основ за определување на мерката. Рече дека исти се образложенијата за определените мерки за 16 обвинети лица од вкупно 21 и нема индивидуализација.

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски. рече дека околностите по кои се водел првостепениот суд при изрекување на мерките се јасни. Се работи за 21 обвинет и кога СЈО ги бараше мерките индивидуално ги ценеше сите и ги имаше предвид сите околности и овие две мерки кои им се определени се доволни за да се обезбеди нивното присуство во текот на постапката, рече Бубевски. Постои опасност од бегство и затоа биле определени мерките. Леко Ристовски пред судиите рече дека нема да се случи да избега и редовно се јавувал на поканите на Судот и СЈО.

И жалбата на Далибор Алесковиќ за одземениот пасош кој е исто така обвинет за злосторничко здружување во овој случај е пред апелационите судии. Неговиот адвокат тврди дека сериозно е кривичното дело што му се става на ѕовар но не е доволна околност за да му се определат мерки на претпазливост бидејќи и нема докази за тоа.
СЈО бара да останат определените мерки.