Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ќе одлучува дали снимки од „Јутјуб“ ќе бидат доказ во „Поткуп“

Апелација ќе одлучува дали снимки од „Јутјуб“ ќе бидат доказ во „Поткуп“

Апелациониот суд Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“.

Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.