Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ќе ги разгледа жалбите за „Тендери“

Апелација ќе ги разгледа жалбите за „Тендери“

Во Апелациониот суд продолжува разгледувањето на жалбите за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, пишува „Фокус“.

Инаку, Канческа-Милевска е првоосомничена во случајот „Тендери” на СЈО, во кој се сомничи за местење тендер од еден милион евра за градежни работи во Музејот на ВМРО. Освен неа, осомничени за злоупотреба на службената положба се уште три членови на комисијата за јавни набавки.

За неа и за второобвинетиот СЈО бараше притвор, а за третообвинетиот мерки на претпазливост, одземање на пасошот и еднаш неделно јавување во судот.