Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација ги одби жалбите на Димовски и Трајковски – остануват без пасоши

Апелација ги одби жалбите на Димовски и Трајковски – остануват без пасоши

Обвинетиот од СЈО, Илија Димовски се жалел до Апелациониот суд, дека му е одземен пасошот и дека секоја среда треба да се јавува во судот, како извршување на мерките на претпазливост кои му ги определи судот, јавува „Макфакс“.

Судиите од скопска Апелација ја отфрлија неговата жалба и го потврдија решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 од Скопје.
Димовски во жалбата наведува дека не постои опасност од бегство, се јавувал на сите покани во СЈО, доколку имал намера да бега, тоа до сега имал доволно време да го стори, па нејасно е од кои причини и врз основа на кои конкретни докази судот го темели заклучокот дека во конкретниот случај против обвинетиот потребно е да бидат определени мерки за претпазливост.

„По мислење на овој суд, правилно оценил првостепениот суд дека треба да се определат предложените мерки на претпазливост, со цел да се обезбеди присуство на обвинетиот во текот на кривичната постапка, што претставува услов за брзо, ефикасно и економично спроведување на кривичната постапка“, пишува во образложението на одлуката.

Апелација ја одби ги жалбите на Специјалното јавно обвинителство за обвинетиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ за незаконското уривање на објектот Космос се одбиваат, одлучи Апелациониот суд, а се одбива и неговата жалба за против одлуката за одземање на пасошот.

Тоа значи дека за Трајковски нема притовр, туку само му е одземена патната исправа и ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот.

„Ставот на овој суд да ја прифати одлуката на првостепениот суд и да не го прифати предлогот на СЈО за определување на мерката притвор према обвинетиот, го поткрепува фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и даде ветувања за присуство во понатамошниот тек на истата, па судот оцени, а имајќи ги во предвид сите околности на случајот и изнесените од страна на странките, дека ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка“, пишува во образложението на одлуката.