Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази и за „Тенк“

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази и за „Тенк“

„Бомбите“, осносно прислушуваните разговори за купувањето на луксузниот мерцедес од над половина милон евра, ќе бидат дел од доказниот материјал во судењето за случајот „Тенк“, одлучи Апелацискиот суд.

Во Апелација вчера имаше јавна седница на која претседателката на судот Љиљана Ивановска Шопова и судиите Африм Фидани и Јани Нича, одлучуваа по жалбата на СЈО, Основниот суд Скопје да ги отфрли „бомбите“ како докази во случајот „Тенк“.

На седницата и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска побара „бомбите“ да не бидат користени како докази со образложение дека и била нарушена приватноста. Таа се бранеше со цитирање на пресуди на Европскиот суд за човекови права.

– Само еден мој број е прислушуван 732 дена. Нели е тоа кршење на човековите права – запраша таа.

Апелација одлучи дека бомбите може да се користат и за случаите „Шамари“, „Триста“, „ТНТ“, „Топлик“ и „Тендери“.