Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостАпел за помош за погодените од поплавите во Тетовско

Апел за помош за погодените од поплавите во Тетовско

Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од завчерашното невреме ,пишува МИА

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.

Од Црвениот крст на Република Македонија информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефонските броеви: 075/070/077 143-400.

Црвениот крст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението.

Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри флаширана вода за пиење. Дополнително се дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.

Невремето во Тетовскиот регион одзеде четири човечки животи, едно лице се води за исчезнато, 11 се повредени, а предизвикана е и огромна материјална штета. Во Тетово денеска и утре се прогласени денови на жалост. Владата вчера на вонредна седница донесе одлука  да се исплати еднократна првична парична помош за погодените домаќинства од невремето во Тетовско, а специјално формирана Комисија ќе ги проценува штетите на имотите врз основа на што ќе се утврди висината на натамошната помош.