Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАпел за помош „и срцето и бубрезите ќе ги продадам само да ми се излечи детето“

Апел за помош „и срцето и бубрезите ќе ги продадам само да ми се излечи детето“

Сиромашно семејство од Делчево е во многу кризна состојба, имаат едно дете кое за жал боледува од тешка болест со име аутизам-оштетување на мозокот.
Кирчо Стоилов кој е татко на детето низ плач вели дека е спремен и решен да ги продаде своите клучни органи во човековиот систем – срцето и бубрезите, само најмилото да му остане живо и излечено.

Ова семејсто живее во многу лоши услови, таткото на четири годишниот Матеј раскажува дека и тој и сопругата се невработени. Живеат во мал стан кој им го поклонила државата и немаат никакви финансиски средства да го излечат своето дете. Кирчо Стоилов бара помош за да се направи пет-скен дијагностика за својот мал син. Лекарите го предупредиле за најлошото, а тоа е дека детето може да остане неподвижно ако не се дијагностицира до каде стигнала болеста и ако не се преземат итни мерки, следуваат негативни резултати.

„Сакам единствено ако треба и на државата да си го дадам бубрегот да ми дадат средства, да ми се однесе детето да ми се оправи, бидејќи не сакам да ми заврши трагично. Барам до сите граѓани на кој му е потребен бубрег лично одма се што треба ќе потпишам, ако треба и срцето исто, мојот живот ќе отиде ама детето ќе ми е со сопругата…“ додаде Кирчо Стоилов татко на четири годишниот Матеј.

Мајката на детето Жикица Стоилова додаде дека докторката Мирјана Ќаева од Центарот за ментално здравје „Младост“ им препорачала итно да се направи пет-скен анализа.
„Ние кога одиме, она ни вика не ми доаѓајте тука додека не ја направите снимката, таа снимка чини околу 1.600 евра. Ние не сме моќни да ја направиме. Матеј е во многу тешка ситуација, не може да зборува има многу повреди на мозокот, чудно ми е како живее…“ рече Жикица Стоилова.

За лекувањето на малиот Матеј месечнно му се потребни 10 илјади денари, а тоа се пари кои таткому и мајкаму неможат да му ги овозможат. Од таа причина Матеј веќе месец дена се мачи да преживее без потребните лекови. Група доктори се собрале и донеле заедничко мислење дека Матеј треба да биде пратен на лекување во Италија, но постојано ги препраќале од врата на врата. Биле неколку пати и во Министерството за здравство за да побараат помош но уште позитивен одговор немаат добиено. Родителите молат за помош и до Министерството и до сите граѓани на Република Македонија, да помогнат на малото момче коеј има само 4 години, а живее многу кризен период од неговиот живот, тој се бори да преживее но сам нема да успее, затоа финансиската помош му е неопходна.

Фото: Алсат.мк