Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпасиев нема да затвора канцеларии на ЛЕВИЦА

Апасиев нема да затвора канцеларии на ЛЕВИЦА

Димитар Апасиев, претседателот на Левица, објави дека партијата во овој период добива и донации од над 500 евра, откако средствата на партијата добиени од државата за парламентарните избори останаа блокирани во Еуростандард и ќе треба да се почека да се исплатат од стечајната маса. Пратеникот смета дека со донираните пари новата парламентарна партија ќе може да продолжи со своето тековно работење.

„На повикот за донации на Левица, досега се одзваа околу стотина наши сограѓани… Донациите се движат од симболични 100 денари, па се до над 500 ЕУР.  Ако акцијата продолжи со ова темпо, нема да мораме да затвораме ниту една локална канцеларија, иако тоа најмногу го посакуваа нашите политички непријатели“, напиша Апасиев.

Тој до сега не ја спомена замрзнатата сума на пари која остана „заробена“ во банката со прогласувањето на стечајот, но се верува дека се работи за околу 100.000 евра.