HomeДЕНЕШНАСветЈанукович го обвини Киев за саботажа

Јанукович го обвини Киев за саботажа

37eeed5a-01a9-499b-8f6e-f98864f7355f_w987_r1_s

Украинскиот протеран претседател Виктор Јанукович ја обвини владата во Киев за провокација и саботажа на неговото сведочење преку видео врска во украинскиот суд во процесот против петте поранешни полицајци осомничени за убиства на демонстранти за време на антивладините протести во 2014 година.

Но неговото сведочење беше одложено за по 28 ноември откако демонстрантите од националистичката група Прави сектор го блокираа излезот од затворот каде што се петте поранешни припадници на специјалните сили. За руската телевизија Русија 24 Јанукович изјави дека имал првични информации дека украинската влада иницирала провокации за да се саботира неговото денешно сведочење и да се спречи да зборува како сведок во случајот.

Во почетниот говор преку видео врска Јанукович рече дека сакал „да ја воспостави вистината“ за смртта на повеќе од сто демонстранти за време на протестите на плоштадот Мајдан во Киев во 2014 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com