HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈануарска трансфер „бомба“, се враќа Лампард!

Јануарска трансфер „бомба“, се враќа Лампард!

473408_600

Англиските медиуми најавија сензационален трансфер. Легендарниот фудбалер на Челси Френк Лампард би можел да се врати на својот „Стемфорд Бриџ“ до крајот на сезоната! Како што пренесуваат англиските медиуми, Лампард и Челси би можеле повторно да соработуваат, барем до крајот на сезоната. Лампард потврди дека ќе го напушти Њујорк Сити., што значи дека во јануари ќе биде слободен играч на пазарот.

Овој 38-годишен фудбалер е легенда на лондонскиот клуб, воедно е и најдобар стрелец во историјата на Челси со постигнати 211 погодоци. Сепак, во 2014 година кога премина во редовите на Њујорк Сити, играше и за лутиот ривал на Челси Манчестер Сити како позајмен фудбалер. Нема сомнение дека на Конте би му помогнало искуството кое го има Лампард, а и би го одморил тандемот Матиќ-Канте кој во последните неколку натпревари функционира фантастично.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com