Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмАнтонио Бандерас: Се опоравив од срцевиот удар

Антонио Бандерас: Се опоравив од срцевиот удар

Шпанскиот актер Антонио Бандерас за јавноста изјави дека се опоравил од срцевиот удар кој го доживеа во јануари. 56-Годишниот Бандерас за шпанските медиуми изјавил дека добил срцев удар на 26 јануари, но дека тоа „не било ништо сериозно“ и не предизвикало никаква штета.

Бандерас, познат по улогите во филмовите „Зоро“, „Десперадо“ и „Филаделфија“, соопшти дека му биле вградени два стента и дека не било така драматично како што пренесувале одредени медиуми. Неговата неодамнешна посета на една швајцарска клиника отвори многу шпекулации околу неговата здравствена состојба.