HomeАНТИСТРЕСШтосноАнтониј Караџоски од Македонија ќе изложи свои дела во Амстердам

Антониј Караџоски од Македонија ќе изложи свои дела во Амстердам

15107448_10209980523176869_2135774599237337815_n

Од 7 до 11 декември, во Амстердам ќе се одржи „International Queer and Migrant Film Festival” (Меѓународен филмски фестивал за квир луѓе и мигранти) каде со своја изложба ќе учествува и уметникот Антониј Караџоски од Република Македонија.

Во рамки на фестивалот е и кампањата „Culture of Humiliation” (Култура на понижување) чија цел е да ја крене свеста кај луѓето, како и да ги охрабри оние кои поминуваат низ малтретирање во реалниот живот и на интернет поради тоа што имаат поинаква сексуална ориентација или родов идентитет од мнозинството.

Кампањата е изразена преку уметност или артивизам (активизам преку уметност), а содржи серија од 10 постери. Караџоски, чија изложба е инспирирана од неговото лично искуство, вели дека во денешно време многу родители предоцна дознаваат за страдањата низ кои поминуваат нивните деца на интернет.

„Кога ја започнав оваа кампања мислев дека се спасувам себеси на некој начин, но откако ја имав првата изложба во Љубљана видов дека повеќе не се работи само за мене, туку за сите нас затоа што ова може да му се случи на секого. Со оваа кампања се надевам дека многу млади луѓе кои поминуваат низ ова „зло“ ќе бидат охрабрени да го кренат својот глас. Силно верувам дека сите имаме глас кој заслужува да биде слушнат. Една порака до оние што поминуваат низ ова – можете да го преживеете ова, знам дека не е лесно, но можете да ставите поинаков крај на вашата приказна, јас го направив тоа!“ – вели тој

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com