Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАнтивладините протести во Етиопија со стотина жртви

Антивладините протести во Етиопија со стотина жртви

Во судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите ширум Етиопија за време на антивладините протести за викендот загинаа речиси сто луѓе, соопшти денеска Амнести интернешнал и лидерот на опозицијата. АИ наведува дека загинале 97 лица – 67 во областа Оромија, а 30 во Амхара.

Најпогоден е главниот град на областа Амхара, Багир Дар, каде се убиени 27 луѓе, додека во Некемте, западна Етиопија загинаа 15 лица. Владата на Етиопија за време на викендот го блокира интернетот, наведувајќи дека „антимировни елементи“ од странство и интернет активисти се виновни за насилството. Демонстрациите се одржаа и покрај предупредувањето од Владата дека собирите без дозвола се забранети.