Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАнтивладини протести во Анкара – народот бара одговорност

Антивладини протести во Анкара – народот бара одговорност

Стотици луѓе денеска протестираа во Анкара поради двојниот самоубиствен напад во саботата, при што загинаа 97 луѓе, а стотици се повредени. Денешниот протест се претвори во антивладини демонстрации обвинувајќи ги властите дека не презеле мерки за заштита на мировниот марш, како и дека Владата стои зад нападите.

Демонстрантите извикуваа „Државата е убиец кој ќе одговара“. Сличен протест беше организиаран и во студентскиот град во Анкара.

Премиерот Давутоглу во интервју за Турската телевизија изјави дека главна цел на нападот било да се влијае на парламентарните избори закажани за 1-ви ноември. Истрагата е ориентирана кон откривање на луѓето што учествувале во
организацијата.

Двајца цивилни инспектори и двајца началници од полицијата ќе ја водат истрагата за најкрвавиот масакр во современа Турција. Уапсени се четворица, кои се сомничат дека се поврзани со нападите.