Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАнтиракетниот систем Патриот ја завршува мисијата во Турција

Антиракетниот систем Патриот ја завршува мисијата во Турција

САД и сојузниците од НАТО во октомври ќе ја завршат мисијата на антиракетниот систем Патриот во Турција со што ќе исполни потребата на заштита на земјата од ескалацијата на граѓанската војна во Сирија. Од воените мисии на САД и Германија наведуваат дека Турција и понатаму ќе добива силна подршка за одржување на мирот и стабилноста и доколку повторно има потреба веднаш ќе биде ангажиран воен персонал и опрема.