Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнтикорупциска решила 39 предмети за функционери, бомбите во судска постапка

Антикорупциска решила 39 предмети за функционери, бомбите во судска постапка

Државната комисија за спречување на корупција која од 15 април работи во обновен состав до денес постапила по 111 примени предмети од претходниот состав, има решено 39 предмети, а отворени се 37 нови предмети. Антикорупционерите решавала пред се предмети во кои има судир на лични интереси, но малку информации дадоа за видот на злоупотребите на државните функционери и кој се има „лепливи“ прсти.

На прес конференцијата говореше Никола Миленков претседателот на ДКСК кој повеќе посвети внимание на презентација на Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2016-2019, како и за мерките за контрола и соработка со останатите институции.

Прашањата од новинарите за слабоститие на оваа институција нотирани од меѓународните организации не беа одговорени, а за можните предмети кои се базираат на објавените прислушкувани разговори коментарот е дека тие се во судска постапка.