HomeДЕНЕШНАРегионАнтикорупционерите од Балканот ќе разменуваат податоци за имотот на функционерите

Антикорупционерите од Балканот ќе разменуваат податоци за имотот на функционерите

antikorupcioneri

Mеѓународна нацрт-спогодба за размена на податоци и за верификација на имотот на јавните функционери, беше поддржана во Софија, на состанок на антикорупционери, претставници на влади и на антикорупциски тела од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија – пренесува Мета.

Станува збор за документ што ќе им овозможи на властите и на антикорупциските тела од земјите од регионот, но и пошироко, да добијат и да верифицираат податоци за некое лице – јавен службеник или функционер, односно да извршат проверка дали тоа лице поседува имот или средства во друга земја од регионот кои не се пријавени во матичната земја.

– Голем број корумпирани јавни службенци своето вистинско богатство го трошат во странство, бидејќи им е полесно да го скријат – изјави Раду Котики, експерт за реформа на јавната управа и за борба против корупција во Регионалнот совет за соработка, меѓувладино тело на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Тој додаде дека телата што се занимаваат со судир на интереси и со корупција можат да пристапат само до домашните бази на податоци или до странските ако се од отворен тип, па затоа „на овој состанок е направен значен напредок бидејќи учесниците се договорија околу нацртот на спогодба за регионален правен инструмент“.

На дводневниот состанокот, кој беше во организација на Регионалната антикорупциска иницијатива и на Регионалниот совет за соработка, а со поддршка и на Австриската агенција за развој, присустуваа високи претставници од земјите-членки на Процесот за соработка во ЈИЕ, меѓу кои и од Министерството за правда на Македонија и од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com