Wednesday, Nov 22, 2017
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаАнтички наоѓалишта за кои веројатно не сте чуле!

Антички наоѓалишта за кои веројатно не сте чуле!

Можеби сте чуле за големиот кинески зид, пирамидите во Египед или пак Мачи Пикчу. Можеби сте го посетиле Рим или Атина и сте виделе многи битни историски монументи. Но тоа е само капка од морето кога станува збор за културни и историски наоѓалишта! Дозволете ни да ве одведеме на патување низ античките наоѓалишта кои ќе ве остават без зборови.

Кох Кер Храм, Камбоџија
Koh Ker Temple, CambodiaПритаен од џунглата, изолиран преку илјада години, Кох Кер изгледа како еден од храмовите во филмовите на Индијана Џонс. Неговата комплексност е скоро идентична како пирамидите а неговата висина 36.5 метри. Овој храм датира од 10-от век.

Ани, Турција
Ani, TurkeyИсточна Турција има многу скриени блага, Ани е најголемото од нив. Некогаш главен град на Ерменското кралство, сега само остатоци од некогашното славно минато. Градот го достигнал својот врв помеѓу 10-ти и 11-ти век. Тој постанал најважна трговска точка на овие простори. Популацијата броела 100000 жители. Градот бил скоро тотално уништен од таканаречениот  ”голем земјотрес” во 1319-тата година. Меѓу рушевините останале храмови и други момументи.
ani
Гробницата во Ватикан
The Vatican NecropolisКога ке чуете за Рим веднаш помислувате на Колосеумот или пак Пантеон. Под градот лежи подземен град, наречен Гробницата на Ватикан. Скоро нереално враќање низ времето. Во оваа гробница се верува дека е закопан Апостол Петар.
The Vatican Necropolis1
Конимбрига, Португалија
Conimbriga, PortugalМожеби најбитното археолошко наоѓалиште во Римската ера, Конимбрига бил најголемиот трговски град во времето на римскиот режим. Можеби не најголемото но дефинитивно најзачуваното археолошко наоѓалиште во земјата. Бањи, куќи, плоштади, рушевини од храмови се само дел од она што го крие Канимбрига. Археолозите имаат разоткриено само фракција од градот.
Пела, Јордан
Pela, JordanНаследено од почетокот на времето! Од римски монументални рушевини до византиски цркви што датираат 1700-та година пред наша ера. Долината покрај реката Јордан била многу погодна за земјоделство и поради истата причина многу племиња се населувале тука.
Фатехпур Сикири, Индија
Fatehpur Sikri, IndiaСовршено зачуван, опкружен со високо зидови, Монголскиот град Фатепур Сикири бил главна престолнина на тогашниот император Акбар и е изграден во последната четвртина на 16-ти век. Тој бил напуште после 14 години поради недоволно вода. Градот се наоѓа 40 километри западно од главното Индиско туристичко место – Тај Махал.
Пула, Хрватска
Pula, CroatiaРимскиот амфитеатар во Пула е меѓу 6-те најголеми Римски арени и единствен со сите три ката зачувани и сите 4 странични кули. Тој е најголемото археолошко богатсво од Римско време во Хрватска.
Choquequirao, Перу
Choquequirao, PeruChoquequirao најчесто нарекуван ”помалиот брат на Мачу Пикчу”, и е вистинско авантуристичко место за посетување. За разлика од Мачу Пикчу, кој го посетуваат илјадници туристи, ова наоѓалиште годишно го посетуваат 300 туристи. Причина за тоа е патувањето низ планинските џунгли на Перу кое трае 2 дена и на некои места се достигнува надморска височина и до 2743 метри. Пристигнувањето ќе ве награди со мир и ќе уживате во прекрасната ”тишина” што ја нуди последната позната локација на Инките, која датира шест века назад.
Хан Јан Линг, Кина
Han Yan Ling, ChinaОва е локацијата каде што е закопан императорот Јинг Ди кој починал 141 година пред наша ера. Во близина на оваа локација има локален музеј со сите археолошки артифакти и предмети.
Takht-e Sulaiman, Иран
Takht-e Sulaiman, IranИма нешто нереално на ова место. Со висока надморска височина, лоцирано на брег на кратерско езеро длабоко 54 метри е многу битно археолошко наоѓалиште на кое се наоѓа монголска палата која датира во 13-тиот век и градби стари кои датираат дури од 3-от до 7-от век.
Takht-e Sulaiman, Iran1