Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонАнти-терористичка апликација за Евро 2016 во Франција

Анти-терористичка апликација за Евро 2016 во Франција

Француската влада ја разви мобилната апликација SAIP за да ја предупредува јавноста во случај на терористички напади на EURO 2016 првенството, кое започнува во петок, 10 јуни. Луѓето преку апликацијата ќе може да ја известат полицијата во случај на сомнители активности.

Владата во Франција вели дека апликацијата е развиена после минатогодишниот напад во Париз, кога загинаа 130 луѓе. Ова е логичен потег, затоа што местата со голем број на луѓе би биле наредната мета на напад. Предупредувањето што ќе се испраќа ќе понуди и краток опис на она што се случило, како и совети како да останете безбедни.

Кога се прима соопштение, нема да се почувствува вибрирање или звук, со цел лицето да биде апсолутно безбедно доколку се наоѓа во близина на напаѓачот, а владата смирува дека приватноста на корисниците ќе биде максимално заштитена. SAIP е бесплатна и може да ја преземете за iOS и Android.

Извор: telefoni.mk