Ансамблот ,,Танeц" ќе го отвори 54 Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид
Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ вечерва на сцената на Долни Сарај во Охрид со целовечерен концерт ќе го отвори 54тиот Балкански фестивал на народни песни и игри.Предвидени се пет фестивалски вечери на кои својата традиција ќе ја претстават културно уметнички друштва од Хрватска,Турција,Полска,Србија, Унгарија, Северен Кипар ,Бугарија и Македонија.
Ова е најстара фолклорна манифестација во регионот. Во изминативе педесеттина година на фестивалот имаат гостувано околу 50 000 пејачи,играорци и инструменталисти.
Концертите за овогодинешниот Балкански фестивал на народни песни и игри се закажани за 21 часот, а влезот е слободен. Ова е вистинска можност за сите љубители на фолклорот да уживаат во настапите кои следат