HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанко Бачев тврди дека ДИК незаконски им ги одбила листите – се плашат од рушење на двопартизмот

Јанко Бачев тврди дека ДИК незаконски им ги одбила листите – се плашат од рушење на двопартизмот

ndm-listi

Државната изборна комисија ги отфрли сите седум листи на НДМ за вонредните парламентарни избори на 11 декември, на што реагира партијата предводена од Јанко Бачев кој тврди дека одлуката е незаконска и политички мотивирана.

Имало несовпаѓање на потписите на кандидатите. Тоа не е точно, бидејќи изјавите се потпишани од сите 123 кандидати за пратеници. Меѓутоа, пострашно е тоа што законското овластување што и е дадено на ДИК согласно член 67 од Изборниот законик во однос на кандидатските листи, во никој случај не подразбира и право на ДИК да ја цени валидноста на потписите на кандидатите, бидејќи тоа претпоставува една друга постапка. ДИК бил во обврска да испитува околности само во смисла на член 65, 66 и 67 од Изборниот законик. Ја користиме приликата да прашаме, зошто седумте Известувања на ДИК до НДМ за отстранување на неправилностите се пратени и за нас непознатата Т.П. како наводен подносител на листите и на тој начин документите за НДМ да се анализираат во некој друг партиски штаб, вели Јанко Бачев лидер на НДМ

Бачев смета стравот кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од разбивање на нивниот 25-годишен двопартизам кој токму НДМ го започна е причината за обидот да се тргне НДМ од изборниот процес, се наведува во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com