HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанко Бачев не може на избори, ДИК ги отфрли листите и на НДМ

Јанко Бачев не може на избори, ДИК ги отфрли листите и на НДМ

janko bacev ndp

Државната изборна комисија (ДИК) вчера вечер ги отфрли листите и на Народното движење за Македонија (НДМ).

Отфрлени се сите 7 листи на НДМ, а оваа одлука е одобрена од сите девет членови на ДИК.

Причина за отфрлањето на листите се утврдените големи неправилности во сите седум кандидатски листи, односно имало несовпаѓање на потписите на предложените кандидати и промена на кандидати без барање од ДИК, се најбројните причини поради кои ДИК ги отфрли листите на НДМ. Во четвртата изборна единица наместо 20, партијата на Бачев кандидирала 21 кандидат.

Во седмата наместо три, предложени се четири кандидати, а еден од кандидатите не приложил документи дека е државјанин на Република Македонија, ниту лична карта, ниту, пак, патна исправа, а кандидатот воопшто и не бил евидентиран во Избирачкиот список.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com