Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнкетната за прислушување ги повика врвните лица од власта како сведоци

Анкетната за прислушување ги повика врвните лица од власта како сведоци

Анкетната комисија за прислушување во Собранието на Република Македонија како први сведоци ги повика врвните лица од раководството на власта премиерот Груевски и вицепремиерот Ставревски, вклучувајќи ја и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Како сведоци се повикани од членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, а побарано е таа седница поради доверливи информации да биде затворена за јавноста, на што ќе се противи опозицијата.

mijalkov-i-jankulovska

Од страна на СДСМ за сведочење се повикани екс директорот на ДБК Сашо Мијалков, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот функционер во владата Мартин Протуѓер.Тие пред пратениците ќе треба да дадат одговори за нелегалното прислушкување, за работата на тајната полиција, но и за самите содржини на разговорите.