Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАнкета: Трамп ја „претекна“ Клинтон

Анкета: Трамп ја „претекна“ Клинтон

Републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп ја престигна во анкети Хилари Клинтон од Демократската партија благодарение на консолидираната поддршка меѓу гласачите кои традиционално гласаат за републиканците, се вели во резултати од анкета на Ројтерс/Ипсос.

Според анкетата, Трамп го поддржуваат 40 отсто, а Клинтон 39 отсто избирачи.

Поддршката за Клинтон опаѓа по 25 август. Анкетата била спроведна од 26 август до 1 септември. За Трамп тоа е првпат да води во анкети на Ројтерс/Испос од јули оваа година.