Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнкета: Граѓаните веруваат дека зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ

Анкета: Граѓаните веруваат дека зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ

Во најновата анкета на телевизија „Телма“ и на МЦМС, направена од 10 до 15 мај, на прашањето кој стои зад нападот во Собранието, 40,5 проценти изјавиле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 20 проценти изјавиле дека толпата влегла спонтано, 8,7 проценти сметаат дека упадот бил спроведен од странски служби, 4,6 проценти – СДСМ, а 25,4 проценти одговориле дека не знаат.

Високи 81,3 проценти од испитаниците не го оправдуваат насилството врз пратениците што се случи во Собранието, а 6,1 отсто одговориле дека насилството врз пратениците е оправдано.

На прашањето дали полицијата овозможила ескалација или смирување на ситуацијата, 57 проценти од испитаниците одговориле дека полицијата овозможила ситуацијата да ескалира, 27,6 проценти одговориле дека таа овозможила намалување на насилствата, а 16,3 проценти одбиле да одговорат.

62,2 проценти од испитаниците одговориле дека очекуваат правна разврска и фер судење за настаните во Собранието, а 28,9 проценти не очекуваат.

На прашањето дали постапките на претседателот Ѓорге Иванов придонесуваат за смирување или влошување на политичката криза, 48,6 проценти одговориле дека тој ја влошува политичката криза, 38 отсто сметаат дека неговото однесување придонесува кон смирување на кризата, а 13,3 проценти одбиле да одговорат.

Изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, 50,3 проценти од испитаниците не го одобруваат, а 49,1 отсто го сметаат за нелегитимен неговиот избор.