Monday, Sep 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСветАнкара го повлече својот амбасадор од Берлин: Резолуцијата е историска грешка

Анкара го повлече својот амбасадор од Берлин: Резолуцијата е историска грешка

turski premier

Турскиот заменик премиер Башбакан Јардимкалари изјави дека Германија со усвојувањето на резолуцијата за злочинот врз Ерменците направила „историска грешка“.

Ваквата одлука на Бундестагот ја осудија голем број турски државници.

Портпаролот на турската владејачка партија АКП Јасин Актај кажа дека резолуцијата на германските пратеници сериозно ги нарушила односите меѓу Берлин и Анкара.

Со резолуцијата масакрот врз Ерменците во 1915 година, кој го извршиле отоманските сили, се прогласува за „геноцид“.

Ројтерс пренесува дека Актај ова го изјавил во пренос во живо на турската државна телевизија, коментирајќи го тоа што германскиот Бундестаг со огромно мнозинство гласови ја поддржа резолуцијата која британската агенција ја нарекува „симболична“.

Турската владејачка Партија на правдата и развојот планира во турскиот парламент да предложи декларација против ова гласање“, изјави извор од партијата за Ројтерс.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим го осуди усвојувањето на резолуцијата како „нерационално и смешно“, кажувајќи дека ова го тестира пријателството меѓу партнерите од НАТО.

На гласањето во германскиот Бундестаг само еден пратеник бил воздржан, а еден бил против.

Ваквиот потег на германскиот парламент беше очекуван, а го поддржа и германската канцеларка Ангела Меркел, која сепак не присуствуваше на седницата.

-„Постојат многу работи што ги врзуваат Германија и Турција и дури и ако имаме различни мислења за одделни работи силата на нашите врски, нашето пријателство, нашите стратешки врски се големи – изјави Меркел по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Берлин.