Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнѓушев во работна посета на САД

Анѓушев во работна посета на САД

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Вашингтон, соопштија од неговиот кабинет.

Анѓушев во главниот град на САД ќе учествува на Трансатлантскиот форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи.

„За време на посетата планирано е вицепремиерот да оствари средби и со претставници на Конгресот на САД, Стејт департментот, меѓународни финансиски организации, како и со претставници од организации на македонската дијаспора во САД“, стои во соопштението од кабинетот на Анѓушев.