Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнѓушев присуствуваше на комеморацијата за поранешниот германски канцелар Хелмур Кол

Анѓушев присуствуваше на комеморацијата за поранешниот германски канцелар Хелмур Кол

Вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со делегација на Владата денеска присуствува на комеморацијата за поранешниот германски канцелар Хелмур Кол што се одржува во Стразбур, соопштија од Владата.

“Еврoпa зaгуби еден гoлем чoвек, визиoнер кoј ги зaдoлжи идните генерaции дa прoдoлжaт дa јa следaт идејaтa зa oбединетa Еврoпa”, изјaвил вицепремиерoт Анѓушев изразувајќи сoчувствo нa гермaнскaтa кaнцелaркa Ангела Меркел, на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Нa кoмемoрaцијaтa присуствувaат и фрaнцускиoт претседaтел Емaнуел Мaкрoн и пoрaнешниoт претседaтел нa САД, Бил Клинтoн.

Хелмут Кол почина на 16 јуни, оваа година, на 87-годишна возраст. Тој беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година од редовите на Христијанско-демократската унија, чиј лидер беше од 1973 до 1998 година. За време на неговото вршење на функцијата канцелар се случи паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година и повторно обединување на Западна и Источна Германија во една држава.