HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнглиските медиуми повторно пишуваат: Мурињо не се откажува од Матиќ

Англиските медиуми повторно пишуваат: Мурињо не се откажува од Матиќ

Мурињо има проблем со дефанзивно везни фудбалери, а сега повторно се појавуваат шпекулации околу негов интерес за доведување на Матиќ. Немања Матиќ најверојатно нема да остане во Челси по завршувањето на оваа сезона, а според пишувањето на англиските медиуми постои голем интерес за него од страна на други клубови.

Пред почетокот на оваа сезона се споменуваше Јувентус, но и Манчестер Јунајтед, поради Жозе Мурињо кој го тренираше во Челси. Сега повторно е актуелна приказната за Манчестер Јунајтед. Шнајдерлин и Швајнштајгер, посебно Швајнштајгер, не се во првиот план на Португалецот, па тоа е причината поради која Мурињо бара нов фудбалер на средината на теренот.

Матиќ има договор со Челси до 2019 година, а иако го нема загубено местото во почетниот состав на Челси, многумина веруваат дека е време за разделба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com