Friday, Apr 28, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнгличанките се закитија со бронза!

Англичанките се закитија со бронза!

Англиската женска репрезентација го освои третото место на Светското првенство во Канада. До бронзениот медал, англичанките дојдоа откако ја победија Германија во малото финале со резултат од 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 108-та минута, од пенал, а сигурен реализатор на истиот беше Фара Вилијамс. Инаку победата претставува најголем успех за англискиот женски фудбал во последните 50 години.

Големото финалето на мундијалот ќе се одигра вечерва, а за златниот медал силите ќе ги одмерат репрезентацијата на САД и Јапонија.

Најинтересните моменти од натпреварот Англија-Германија: