HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАнглија го чека Џерард, легендата се враќа, но каде?

Англија го чека Џерард, легендата се враќа, но каде?

Еднаш изјави дека во Премиер лигата не би играл за ниту еден клуб а тоа да не е е Ливерпул. Следниот месец е слободен, еве што е идејата! Стивен Џерард има договор до ноември, чека понуда од Галакси, но се чини дека ќе биде слободен агент. Тоа веднаш создаде шпекулации, а најмногу поради неговата изјава дека сака се уште да игра.

„Имам 36 години и сум на крајот, но можеби би можел да одиграм уште пола година или можеби дури и цела сезона. Ја завршувам школата за тренери, тоа е иднината, но се чувствувам добро, подготвен сум, сакам и понатаму да тренирам, имам голема мотивација би можел се уште да играм“, објаснува Џерард. Ливерпул не доаѓа во предвид, таму би го земал местото на некои помлади кои треба да добиваат шанса, но не сака да игра ниту за другите клубови од Премиер лигата.

Но, денес англиските медиуми пишуваат дека повеќе тимови од Чемпионшип би сакале да го видат во своите редови и таму дури би можел да биде играч-менаџер. Тоа би му овозможило да ја започне тренерската кариера и да направи безболна транзиција во новата улога, па останува да видиме што ќе одлучи легендата на Ливерпул и англискиот фудбал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com