Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнгелов: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од коалицијата со ДУИ, партијата од која наводно ја бранат Македонија

Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од коалицијата со ДУИ, партијата од која наводно ја бранат Македонија

Стојанче Ангелов од пред конференција ги повика ВМРО-ДПМНЕ да излезат од владата во која седат со ДУИ, партијата која е носител на албанската платформа од која наводно ја бранат Македонија. Ангелов ги повика и демонстрантите од „За Заедничка Македонија“ да извршат притисок врз министрите на ВМРО-ДПМНЕ кои уште коалицираат со партија која како што тие викаат сака да ја федерализира Македонија.

„Никола Груевски објави дека Македонија е нападната и ги повика граѓаните да излезат на улица и да ја одбранат. Според него, нападот е извршен со таканаречената Албанска платформа која наводно го загрозува македонскиот суверенитет и претставува опасност за федерализација.

Носители на платформата се албанските политички партии помеѓу кои и ДУИ. Во овој момент функционира техничка влада од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во исто време додека Груевски ги повикува граѓаните да ја одбранат Македонија од нападот со платформата, тој е во коалиција со партијата која е носител на платформата, ДУИ, рече Ангелов.

Затоа ги повикуваме Никола Груевски, Емил Димитриев и сите министри да дадат неотповиклива оставка и да престанат да бидат во коалиција со тие што ја напаѓаат Република Македонија.
Доколку една третина од министрите дадат ставка, тогаш Собранието треба да поведе постапка за избор на нова влада.

Од лидерите на Движењето за Заедничка Македонија, Борис Дамовски и Бетмен Велит и сите што протестираат бараме да извршат притисок и да побараат од ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти владата во која се со една од партиите која ја загрозува македонската унитарност.

Таканаречената албанска платформа е политичка платформа, тоа не е мировен договор, нејзиното спроведување зависи од политичката волја на партиите кои ќе ја сочинуваат идната влада. Зоран Заев беше јасен, дека ниедно барање од платформата кое излегува од рамките на Уставот нема да биде имплементриано во закон. Но и доколку СДСМ се обиде на мала врата да протне закон со кој ќе биде загрозена македонската унитарност, ВМРО-ДПМНЕ има легални алатки со кои може да ги закочи ваквите закони.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од стравот дека некој ќе ја федерализира Македонија, зошто тие со ваквата иста тактика со која го блокираат Собранието, како опозиција ќе бидат гарант дека нема да може да пројде ниту еден закон во Собранието“, рече Ангелов.