Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнгелов: Нападите ги извршија криминалци, влегувањето не беше спонтано

Ангелов: Нападите ги извршија криминалци, влегувањето не беше спонтано

Според претседателот на партијата Достоинство Стојанче Ангелов, влегувањето во Собранието беше однапред испланирано, а полицијата била намерно закочена, блокирана и амортизирана благовремено да ги преземе потребните полициски дејства.

„Тоа овозможи неколку стотина луѓе да влезат во Собранието. Влегувањето беше сѐ само не спонтано. Проблемот внатре и физичките напади го направија 20-30 луѓе кои се дел од криминалното подземје, а има шпекулации дека неколку од нив се припадници и на полицијата. За време на случувањата во Собранието, полицијата намерно била пратена на друго место“, изјави генералот Стојанче Ангелов.

Видео:24vesti.mk