Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнгелов: Груевски во 2002 не им ги потпишуваше договорите на „Лавовите“

Ангелов: Груевски во 2002 не им ги потпишуваше договорите на „Лавовите“

Во 2002 година тогашниот министер за финансии Никола Груевски не дозволуваше припадниците на ново формираната полициска единица “Лавови“ да добијат решенија за работа во МВР иако како министер за финансии беше должен да потпише само формално одобрување за нивното вработување. Тогашниот Министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски неколку месеци претходно ги имаше потпишано договорите за работа на “Лавовите“ но тие не можеа да се ефектуираат без потпис на министерот за финансии Никола Груевски.

Затоа, по директна вина на Никола Груевски “Лавовите“ иако повеќе од една година беа во редовите на МВР, иако поголем дел од нив учествуваа и во одбраната на државата во 2001-та, останаа со нерешен статус и по промената на власта кон крајот на 2002-та се најдоа во многу незавидна позиција.

Да биде иронијата поголема, во текот на 2003-та година во времето на тогашниот премиер Бранко Црвенковски, по неколку превириња сите “Лавови“ кои ги исполнуваа законските услови добија решенија за работа во МВР.

Подоцна “Лавовите“ беа козметички трансформирани и преименувани во “Единица за брзо распоредување“ (ЕБР) и како такви постојат до ден денес. Верувам дека повеќе од половината припадници на денешната ЕБР се поранешни “Лавови“ на кои Груевски во 2002-та не сакаше да им ги потпише решенија за работа.

Фејсбук статус на Стојанче Ангелов