Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАневски си поднел оставка поради семејни причини

Аневски си поднел оставка поради семејни причини

Досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денеска изјави дека се повлекува од оваа функција од лични и од семејни причини, без да образложи повеќе детали за ваквата одлука.

Тој додаде дека неговата оставка од функцијата претседател на Советот нема никаква поврзаност со другите повлекувања на функционери што се случија во овој период. Инаку, Аневски се повлекува само од функцијата претседател, а понатаму останува член на Советот на јавни обвинители.

Советот ќе ја разгледува неговата оставка на седница в четврток. Аневски третпат беше реизбран за претседател на Советот на јавни обвинители, во септември минатата година, и имаше уште една година мандат на оваа функција.