HomeДЕНЕШНАПолитикаАневски не и го дава „Сопот“ на Јанева

Аневски не и го дава „Сопот“ на Јанева

petar anevski i katica janeva

Случајот „Сопот“ моментално е во рацете на Советот на обвинители, а првиот човек на оваа институција Петар Аневски, изјави дека тие се одговорни да ја оценуваат работата на Специјалното јавно обвинителство, јавува Алсат М. Аневски додаде дека предметот кој го бара Јанева датира пред 2008 година, за што, според него, СЈО не е овластено.

„Ние сме одговорни за оценување на законските потези кои ќе ги преземе Специјалното обвинителство. Кај нас е предметот, на следната седница ќе биде разгледан. Настанот се случил пред 13 години и Јанева не е овластена за настаните кои се случиле пред 2008 година. Ние побаравме дополнителни информации од Специјалното обвинителство, но речиси еден месец не сме ги добиле информациите кои сме ги побарале “, велат од Советот на јавни обвинители.

Повикувајќи се на ставот на Аневски, Специјалното обвинителство велат дека независно од периодот кога се случил настанот, СЈО има право и надлежност да ги истражува случаите.

– Специјалното обвинителство има надлежност да ги слуша незаконските прислушувања за периодот 2008 до 2015. Се што произлегува како кривично дели од тие снимки СЈО има право и надлежност да ги истражува, независно од времето во кое се случило кривичното дело – објаснуваат од СЈО.

Оттаму додаваат дека според логиката што ја следи Аневски, Специјалното обвинителство немаше да има надлежност ниту за дејствијата кои се преземени од 2007 година, наведувајќи го предметот „Топлик“

-Своето барање СЈО го заснова на членот 11 од Законот за специјално обвинителство, став два која јасно вели дека по писмено барање, јавните обвинителства се обврзани во рок од осум дена да поднесат било кој предмет кон кој ќе постапуваат, на начин што ќе се одлучи, дали предметот ќе спаѓа во надлежност на Специјалното обвинителство согласно овластувањата определени врз основа на овој закон – велат од СЈО.

Според СЈО, тактиката што ја спроведува Советот на обвинители за Сопот не е нова, бидејќи Советот ги држи во заложништво и останатите предмети.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com