HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева: Жалам што морав да ја напуштам седницата

Јанева: Жалам што морав да ја напуштам седницата

СЈО излезе со официјално соопштение за состојбата на специјалната јавна обвнителка Катица Јанева која во тешка состојба ја напушти расправата за нејзиниот извештај во Собранието откако и се слоши.

„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници  што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата.“ – кажа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба мораше порано да ја напушти седницата на Комисијата.

Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com