HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева со Груевски како сведок ќе го расветлува „Пуч“

Јанева со Груевски како сведок ќе го расветлува „Пуч“

gruevski-i-zaev2

Во Кривичниот суд  е закажано рочиште за случајот „Пуч“, во којшто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се појави како сведок. Почетокот на судењето постојано се одложува веќе 15 месеци, а неизвесно е дали Груевски ќе се појави во Судот, пренесува Макфакс.

Минатото рочиште беше одложено бидејќи еден од поротниците не дошол бидејќи бил болен. Тогаш во Судот се појавија и Заев и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и двајцата реагираа бидејќи Судот не го повикал Груевски во судот, кој е единствен сведок во овој случај.

Судењето за случајот „Пуч“ во којшто е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно не почна, а на новинарите не им беше дозволено да присуствуваат на одложувањето.

Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.

Лидерот на СДСМ е четвртообвинет во овој случај. Првообвинет е Зоран Верушевски, обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.

По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“. Заев е обвинет дека го уценувал Груевски со снимките од прислушуваните разговори и барал да бидат одржани избори.

Извор: makfax.com.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com