HomeДЕНЕШНАПолитикаЈанева: Директорот на УБК не соработува, а Чавков ни виси над глава

Јанева: Директорот на УБК не соработува, а Чавков ни виси над глава

Специјалното обвинителство со судски налод влегло во Управата за безбедност и контраразузнавање за да изврши увид во компјутерските податоци на УБК за предметот „Пуч“. Овој претрес е дел од, засега, необјавена истрага на СЈО поврзана со прислушувањето. За време на паузата која од нив ја побарале надлежните од УБК, за наводно да одржат состанок,Јанева посочи дека УБК не соработува и им ја отежнува работата.

„Од осми март бараме податоци, но тие ништо не ни доставија. Затоа денеска влеговме со две судски наредби. Во наредбите стои дека треба да ги превземеме сите ПИМ мерки и сите разговори кои ги снимале од 2008 до 2015 година“ – изјави Јанева.

За време на увидот, присутен бил и директорот на Бирото за јана безбедност, Митко Чавков, со уште неколку полициски службеници.

Таа е внатре со тројца обвинители, а се очекува да дојдат уште неколку обвинители и истражители. Јанева вели дека СЈО се организира во смени, ноќта ќе ја поминат во УБК, а се очекувало да седат таму и во наредните неколку денови се додека не ја завршат работата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com