Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнкетна комисија за несослушување – „Класична“ парламентарна демократија

Анкетна комисија за несослушување – „Класична“ парламентарна демократија

Анкетната комисија формирана во Собранието на Македонија како дел од законодавната власт никој не ја испочитува досега од актуелните или поранешните членови на извршната власт, вклучувајќи го и денешниот предвиден сведок екс директрот на УБК Сашо Мијалков кој исто така не се појави на сведочење. mijalkov-i-jankulovskaКомисијата требаше да работи на расчистување на дел од дилемите поврзани со незаконското прислушкување но, нејзината работа се претвори во вистинска пародија последните неколку денови, со бројни меѓусебни кавги, викање и лични навреди. petre silegovГлавните забелешки против нејзиниот претседател Петре Шилегов е дека не го почитува Деловникот за работа, прави многу грешки во водењето на седниците и се однесува шалабајзерски со свои идеи. Од друга страна пак повиканите сведоци се однесуваа крајно дрско кон тело кое е формирано од народните избраници и треба да се почитува политичкиот авторитет во земја која по устав е парламентарна демократија, без да соберат храброст и да се појават на сведочење.