HomeДЕНЕШНАРегионАндреј Пленковиќ со мандат во составот на новата хрватска влада

Андреј Пленковиќ со мандат во составот на новата хрватска влада

Андреј Пленковиќ доби мандат за составување на новата влада, откако денеска со 91 пратенички потпис докажа дека има поддршка од мнозинството во новоизбраниот Парламент.Грабар-Китаровиќ по поводот изјави дека ова е многу важен момент за Хрватска, бидејќи граѓаните очекуваат нов процес што ќе биде експедитивен, како и нова влада што ќе преземе одговорност за процесите во земјата, поврзани со економските, демографските, социјалните прашања.

Пленковиќ рече дека до 91 потпис дошол по договор на ХДЗ со Мост, како и со сите осум малцински застапници и со партијата на градоначалникот Милан Бандиќ.Како приоритети на идната влада тој ги најави економијата, работните места, конкурентоста, демографската обнова, функционирањето на правната држава, политичката стабилност и предизвиците со кои земјата се соочува однадвор и одвнатре.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com