HomeДЕНЕШНАПолитикаАндонов тврди не е виновен за рацијата во МИТ и е психофизички здрав

Андонов тврди не е виновен за рацијата во МИТ и е психофизички здрав

Заменик министерот Андонов тврди дека Билјана Апостолова, сопственичка на МИТ универзитетот, шири лаги за него дека наводно ја нарачал рацијата која ја изврши полицијата, а обвинителството води истрага за незаконско работење.

„Одговорно тврдам дека на никого не сум се заканувал и најмалку имам личен удел во актуелните случувања на МИТ Универзитетот, целиот случај го води Јавното обвинителство, а полицијата, , нема врска со тоа, освен што постапува по налог на Јавното обвинителство“, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов

Претходно Андонов мораше да им објаснува и на новинарите за обвинувањата дека од МИТ бил отпуштен од работа бидејќи донел боледување кое откривало тешка дијагноза. Апостолова изјави за повеќе медиуми дека токму поради тоа што не можел да работи во образовна институција добил отказ и дека ретко доаѓал на работа.

„Психофизички сум здрав за да ја извршувам работата, не ми е одземена деловната способност“, изјави Андонов. Тој објасни дека ова се ниски лаги и дека се било во ред со неговото боледувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com